Поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Срѓан Спиридоновиќ е еден од играчите кои во летниот преоден рок од Европа се пресели во Саудиска Арабија. По само неколку месеци минати во Жалгирис, поранешниот младински репрезентативец на Австрија потпиша договор со второлигашот Хајер.
Тој во опширното интервју за австриски „Профил“, ги објасни причините зошто ја прифатил понудата од околу 500.000 евра на годишно ниво, а патем го критикуваше и Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, чија преселбата во Саудиска Арабија ги најави трансферите на неколку големи ѕвезди во Саудиска Арабија.
„Ако сакате да ја заработите во кариерата, ова е вистинското место“, посочува Спиридоновиќ и додава: „Тука има поинаков менталитет. Има многу забрани, како на пример, нема пиење алкохол и одење рака под рака со жена на улица. Иако, да се запознаеш со жена овде е секако тешко, и мислам дека не треба да ризикуваш. Има многу правила и сите се строги, но секој би дошол затоа што подоцна не морате да се грижите за својата иднина. Критичарите кажуваат секакви работи, но не би му помогнале на некој што ќе се најде во неволја и без пари откако ќе ја заврши кариерата. Го разбирам секој што оди некаде да му го олесни на семејството. Бевме многу сиромашни и во основа немавме ништо. Сакав подобар живот за себе и за моето семејство“.
Дел од заработката од фудбалот ја вложил во недвижнини, а кога зборува за Саудиска Арабија, едно не му е јасно..
„Да бев на местото на Кристијано Роналдо, немаше да дојдам овде. Толку пари заработил, а сака повеќе. Не го разбирам тоа”, се чуди Спиридоновиќ.