Вест хем се откажале од можноста да му дадат договор на Џеси Лингард како слободен агент, оставајќи го поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед без клуб.
30-годишниот Лингард е без клуб откако беше ослободен од договорот со Нотингем форест на крајот на сезоната 2022/23, во која имаше мала минутажа и даде малку придонес за клубот каде што пристигна по крајот на договорот со Манчестер јунајтед. По ова, поранешниот англиски репрезентативец тренираше со Интер Мајами воо САД, а беше поврзуван со клубови од Катар и Турција.
По ова, менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс го повика на тренинзи со „чеканите“, каде што беше на позајмица во 2021 година, но според „Атлетик“ тие решиле дека тој не е доволно добар да му дадат договор. Следна опција на Лингард е Ал-Етифак во Саудиска Арабија, каде што тренеер е Стивен Џерард, а меѓу играчите е Џордан Хендерсон.