Менаџерот на Тотенхем, Ејнџ Постекоглу останува збунет од правилата за играње со рака откако имаше контроверзен пенал на дербито со Арсенал, велејќи дека единствено решение е да се ангажираат дефанзивци без раце.
Австралиецот изненадува со искрените и понекогаш смешни коментари како менаџер на Тотенхем, и иако беше со насмевка на лицето по трилер 2:2 ремито, сепак, беше незадоволен што беше досуден пенал за „топчиите“ кога Кристијан Ромеро го блокираше ударот на Бен Вајт со рака.
„Не можев да ги видам точно деталите, но немам поим за правилата за играње со рака. Навистина. Видов еден вчера против Вулверхемптон и изгледа дека ако ти ја удри раката е пенал без разлика, но во друга ситуација не е пенал. Тоа фудбалско правило не го разбирам. Можеби треба да развиваме дефанзивци без раце. Не знам како на друг начин ќе блокираат топки и ќе бидат во природна позиција“, вели Постекоглу.