Севилја, конечно, стигна и до својата втора победа во новата сезона од шпанската Ла лига, доминирајќи над „фенерџијата“ Алмерија за убедлива 5:1 победа.
Андалузискиот клуб ја почна сезоната со три порази во низа, пред сега да се во серија од две победи и едно реми. Почетокот беше „експлозивен“ – Јусеф Ен-Несири стрелаше во седмата минута, за една минута подоцна Доди Лукебакио да зголеми на 2:0. Сусо во 38. минута зголеми на 3:0, за на почетокот на второто полувреме, во 51. Ерик Ламела да даде гол за 4:0.
Алмерија успеа да даде гол за утеха во 71. минута со гол од пенал на Луис Суарез, за Кике Салас во 92. минута да стави точка на мечот за 5:1.
Standings provided by Sofascore