Top Sport

Халер ја зголеми мизеријата на Вердер

Себастијан Халер постигна гол во 89. минута за Ајнтрахт Франкфурт да го победи Вердер Бремен со 2:1 во првиот меч од 11. коло од германската Бундеслига, по доминацијата на домаќините во второто полувреме.

Со враќањето на Хасебе во тимот, Франкфурт имаше одличен старт и поведе во 17. минута со голот на Анте Ребиќ, но гостите се вратија преку Никлас Моисандер, што беше прв гол за Бремен по над 500 минути игра.

Моментот се „сврте“ во второто полувреме, кога Ајнтрахт доминираше на теренот и пропушти неколку добри шанси, пред Халер со петтиот гол оваа сезона да донесе три поени за Франкфурт и да покаже дека е едно од подобрите засилувања за тимот донесени ова лето.

Франкфурт се петти во лигата со 18 поени, пет помалку од лидерите Баерн, додека Вердер се претпоследни со пет поени и без ниту една победа оваа сезона.

Scroll to Top