Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина едногласно го избра Сава Милошевиќ за нов селектор на репрезентацијата на БиХ.
Милошевиќ ќе биде третиот селектор во овој циклус квалификации за фудбалската репрезентација на БиХ, која пред него ја предводеа Фарук Хаџибегиќ и Мехо Кодро.
Милошевиќ беше тренер на белградски Партизан, со кој го освои Купот во сезоната 2018/2019, како и на љубљанска Олимпија.
Тој е еден од најдобрите стрелци на Партизан и на репрезентацијата, а успешна кариера имаше настапувајќи за Астон Вила, Сарагоса, Парма, Еспањол, Селта, Осасуна и Рубин од Казан, каде што се пензионираше во во 2008 година.
Милошевиќ за репрезентацијата на СР Југославија и Србија одигра 102 натпревари и постигна 37 гола.
Милошевиќ ќе дебитира на клупата на Босна и Херцеговина на 13 октомври против Лихтенштајн во Вадуц, во квалификациите за ЕП 2024 година.
По шест кола во квалификациите во поредокот од групата Ј, Босна и Херцеговина е четврта со шест бодови, исто колку и петтопласираниот Исланд.
Португалија ги има сите 18 бодови, Словачка има 13, а третопласираниот Луксембург има 10 бодови.
Лихтенштајн е последен без бодови, со еден постигнат гол.