Марцело Брозовиќ еден од омилените ликови во соблекувалната на Интер, уште еднаш успеал до солзи да ги насмее своите соиграчи.
Хрватскиот репрезентативец решил да го смени имиџот, поточно да ја смени бојата на косата. Откако го направил тоа поставил фотографија на „Инстаграм“.
Веднаш потоа започнале да пристигнуваат коментари од соиграчите.
„Масло на платно“, напишал Андреа Ранокиа, додека резервниот голман Даниеле Падели му предложил веднаш главата да ја покрие со капа.
Антонио Кандрева коментирал дека „се работи за некаква шега“, а голманот Падели дополнил дека веројатно се работи за некаков ефект предизвикан од сончевите зраци.