Кошаркарите на Панатинаикос се изрезилија за „сите пари“ во првиот голем натпревар сезонава.
Тимот кој донесе неколку екстра квалитетни засилувања, предводен од Ергин Атаман, во финалето на грчкиот Суперкуп, против градскиот ривал Олимпијакос, во првото полувреме постигна само 11 поени!
ПАО постигна срамни четири поени во првите десет минути, уште седум во вториот период, па црвено-белите од Пиреја заминаа на одмор со огромни 37:11.
Пет од 11 поени за Панатинаикос постигна екс-играчот на Олимпијакос Костас СЛукас, а по два Адетокумбо, Лесор и Грант.
Во еден момент црвено-белите беа во серија од 27:0!