Top Sport

(Видео) Пропушти меч топка па го лансираше топчето во главата на судијата

Марк Полманс на бизарен начин доживеа елиминација на мастерсот во Шангај. Австралиецот доби дисквалификација откако со топчето ги испрати директно во главата на судијата.

Полманс влезе во црна дупка откако не искористи две меч топки. Изнервиран без контрола го удри топчето кое заврши во главата на судијата.

Во тај-брејкот од вториот сет, Австриецот имаше две врзани меч топки, но еден навидум рутински волеј наместо во полето на противникот го пласира во мрежата. Изнервиран, уште еднаш го удри топчето кое го погоди судијата.

Натпреварот беше прекинат, а Полманс подоцна со одлука на супервизорот беше отстранет од турнирот при водство од 7:6, 6:6 (6:6).

Scroll to Top