Top Sport

(Вознемирувачко видео) „Крејвен котиџ“ замолкна – Страшна повреда на фудбалер на Шефилд јунајтед

Фулам го победи Шефилд јунајтед со 3.1 во осмото коло. Натпреварот мина во сенка на страотната повреда со која се здоби играчот на Шефилд јунајтед, Крис Башам.

Башам ја скрши левата нога. Тој не беше во директен контакт со противнички играч, но при бенигна борба за топката дојде до тешка скршеница. Играчот на Шефилд врескаше, а болничарите брзо притрчаа да му помогнат и го изнесоа од теренот.

Со оглед на тоа дека Башам има 35 години, можно е оваа повреда да значи и крај на неговата кариера.

Девет години е во Шефилд, за кој настапуваше и во втора и во трета лига и досега има забележано 394 настапи.

Foto: Profimedia

Scroll to Top