Top Sport

Анализа на „Скај спорт“: Ковачиќ мораше да биде исклучен

Арсенал го победи Манчестер сити со 1:0 во дербито на осмото коло на Премиер лигата. Габриел Мартинели во 86. минута го постигна единствениот гол на натпреварот, во кој црвен картон можеше да добие Матео Ковачиќ (30). Во 28. минута хрватскиот играч за врска грубо стартуваше врз Мартин Одегард.

Судијата Мајкл Оливер го прегледа видеото, но не го промени своето мислење, остана на одлуката дека стартот е за жолт картон.

Погледнете го фаулот на Ковачиќ врз Одегард овде.

Неколку минути подоцна, Ковачиќ имаше уште еден невнимателен старт, врз Деклан Рајс, но во оваа ситуација судијата реши да не му покаже картон. Експертите во студиото „Скај спортс“ ги коментираа стартовите на Ковачиќ.

„Ковачиќ е во неволја. Имаше многу среќа“, изјави поранешниот дефанзивец на Англија и Манчестер јунајтед, Гери Невил, кој сега работи како стручен коментатор.

„Го удри Рајс по десната нога. Што прави? Требаше да добие црвен картон. Лудост на Ковачиќ. Гвардиола сигурно размислува да го замени. Првиот пат беше блиску до црвен картон, вториот старт е чисто лудило. Требаше да биде испратен исклучен, не ми се верува дека се уште е на теренот“, додаде Невил.

Поранешниот англиски напаѓач Тео Волкот смета дека Ковачиќ требало да ја напушти играта по стартот врз Одегард.

„Кога ВАР го успори видеото, бев сигурен дека ќе добие црвен картон. Ова беше груб старт, можете да видите колку ниско го удри по глуждот. Несомнено, црвен картон. Не го велам ова како поранешен играч на Арсенал, стартот навистина беше опасен“, изјави Волкот.

Поранешниот дефанзивец на Сити, Мика Ричардс, смета дека жолтиот картон бил доволена казна, но додаде дека Ковачиќ требало да добие втор жолт картон за фаул над Рајс.

Foto/ Profimedia

Scroll to Top