Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо отворено зборуваше за својата иднина, посочувајќи дека не смета дека во иднината ќе стане фудбалски тренер, како многу големи имиња.
32-годишниот Португалец освои многу трофеи во својата блескава кариера со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но и го донесе првиот голем трофеј на својата репрезентација на Евро 2016, така што многумина се прашуваат што ќе донесе иднината по повлекувањето од зелените терени.
„Тешко е да кажам што ќе работам во иднина, но едно нешто е јасно – повеќе сакам да живеам во денешницата отколку во иднината. Знам дека нема да бидам млад засекогаш, но во моментов не можам да се замислам како фудбалски тренер“, вели Роналдо во интервју за „Најк“.
Покрај тоа, Роналдо вели дека уште го држи гладта за победи.
„Ме мотивира тоа што секогаш сум играл фудбал бидејќи тоа е нешто што најмногу го сакам. Се чувствувам одлично и сакам да продолжам. Ако немате талент можете да заборавите на кариера во фудбалот, но ако не работите, подобро да сте го немале талентот“, додава Роналдо.
? VÍDEO | ⚽️@Cristiano: “No me veo siendo entrenador en un futuro”#Golazo pic.twitter.com/U7EdtCM2IP
— El Golazo de Gol (@ElGolazoDeGol) November 3, 2017