Карлос Тевез, некогашниот голем ас на аргентинскиот фудбал, неодамна беше назначен за тренер на Индепендиенте.
Наместо за фудбал, тој пред аргентинските новинари за еден поазителен факт.
Твез открил дека во неговиот тим има неколку фудбалери кои не знаат да собираат и одземаат.
„Кога правевме брзински вежби, побарав од некои фудбалери да ми кажат колку е два плус два. Тројца не го знаеја одговорот. Сето тоа е поради сиромаштијата. Можеме да ги нахраниме младите, да ги тренираме да бидат фудбалери, но образованието… Треба да знаат некои основни работи за утре во животот да се заштитат од разни измамници“, изјави Тевез.
Карлос планира да се посвети на едукацијата на фудбалерите. Наскоро играчите на Индепендиенте ќе останат два часа по тренингот да учат.