Top Sport

(Видео) Атаман бил навреден од гестот на неговиот наследник во Ефес

Ергин Атаман се навреденл од она што го направи неговиот наследник на клупата на Ефес, Ердем Џан, кој му бакна рака на тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ.

На подготвителниот турнир во Атина, почетокот на натпреварот меѓу Ефес и Партизан на го одбележа несекојдневен потег.

Џан пријде и ја му бакна раката на поранешниот колега и голем пријател Обрадовиќ.

Двајцата работеа заедно во Фенербахче од 2013 до 2020 година. Обрадовиќ беше главен тренер, додека турскиот стручњак работеше како негов помошник.

Џан го сопредуваа со Атаман кога тој пристигна во Ефес, но новиот тренер на Панатинаикос не сака да медиумите да прават споредби.

„Ние тренерите ја имаме оваа несреќа, не фаќаат кога ќе кажеме нешто што не мислиме. Тој потоа ми се јави и ми рече дека не мислел така, а јас му реков да не се грижи и само да се концентрира на себе. Му реков тој: „Бидете свесни дека сте во еден од најголемите клубови во Европа и задржете го својот стил“, рече Атаман.

Тренерот на Панатинаикос истакна дека тоа не го вознемирило, туку повеќе го навредило.

„Тоа не ме вознемири. Како навивач на Ефес, малку ме навреди фактот што Ердем Џан јавно ја бакна раката на тренерот на ривалскиот клуб. Навистина треба да има одредена почит. На пример, имам многу почит кон Ајдин Орс, но јас во јавноста никогаш не би ја бакнал неговата рака“, истакна Атман за НТВ.

Scroll to Top