„Спорт лајф“ обложувалниците, заедно со „Спорт лајф гејминг“ автомат клубовите во изминатите месеци, остварија повеќе донации и спонзорства, како дел од стратегијата за општествена одговорност на компанијата.
„Активно учествуваме во поддршката на спортот и развојот на општеството, особено на иницијативите од локален карактер и хуманитарните акции, бидејќи афирмацијата на спортот е потребна на сите нивоа.“
Ќе споменеме дел од нив:
– Ракометен клуб „Партизан“ – Гевгелија, спонзорство за набавка на спортска опрема за сезона 2023/2024,
– Ракометен клуб „Охрид“ донација за потреби за сезона 2023/2024,
– Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“ – повеќегодишна соработка и поддршка на турнирот,
– Хуманитарен турнир во кошарка „Мирослав Статиев Миро“ 3х3 во општината Ѓорче Петров,
– турнир во табла во Галичник.
Од проектите со хуманитарен карактер, оваа година реализирана е донација за потребите на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ за настанот „Шарено лето 2023 – Запознај ја Македонија“ преку кој децата од социјално ранливите категории и децата без родители од целата држава имаа можност за прв пат да отидат на летен одмор и да ги посетат убавите туристички места во Македонија.
Исто така, остварена е соработка со општините Кочани и Македонски Брод, преку донација за поддршка на традиционалните манифестации – „Оризијада “ во Кочани и „Костенијада“ во Македонски Брод.
„Ова се само дел од проектите. Стратегијата за корпоративна и општествена одговорност, ни овозможува, како компанија да креираме и поддржуваме и подолгорочни проекти од општествен и хуманитарен карактер, на кои им се посветуваме и со кои традиционално соработуваме.“