Top Sport

(Видео) Жестока тепачка во Истанбул, има повредени

Најмалку пет навивачи на Баерн Минхен се повредени во тепачка во Истанбул со навивачи на Галатасарај. Германскиот великан му гостува на Галатасарај, во Лигата на шампионите, во рамките на 3.коло од групата А.

Натпреварот започнува во 18:45 часот, а навивачите се погрижија тој да има жестока увертира.

Според извештаите од Турција, домашните навивачи биле во заседа ги пречекале навивачите на Баерн, по што настанал хаос. „Летале“ тупаници на сите страни, а биле употребени и тврди предмети и столчиња, за што сведочат видеата од улиците на Истанбул објавени на социјалните мрежи.

Scroll to Top