Галатасарај и Баерн Минхен во Истанбул го играат натпреварот од третото коло, во А групата во Лигата на шампионите. По првиот дел резултатот е 1:1.
Првиот дел целосно им припадна на домашните фудбалери, кои покрај голот, имаа уште неколку добри шанси.
Коман ја шокираше домашната публика во осматата минута, кога го искористи додавањето на Сане.
Во 28.минута Галарасарај доби пенал. Кимих со лизгачки старт се обиде да дојде до топката пред Икарди. Наместо топјата тој го удри напаѓачот на домашниот тим.
Мауро Икарди ладнокрвно, со „Пананка“ го совлада одличниот Улрајх.
🚨GOAL | Galatasaray 1-1 Bayern | Icardi
Follow our partner page @ocontextsoccerpic.twitter.com/ogzP5adCGR
— VAR Tático (@vartatico) October 24, 2023