Top Sport

(Видео) Камбијасо во 97.минута го скрши отпорот на Верона

Јувентус ја победи Верона со 1:0 во 10.коло, во Серија А. Натпреварот го реши Камбијасо во 97.минута.

Јувентус доминираше, неговите играчи упатија 30 удари кон голот на Верона, чии голман Монтипо имаше пет успешни интервенции. Во текот на мечот Јувентус немаше среќа, два гола му поништи ВАР-от.

Избраниците на Макс Алегри, барем до утре ќе бидат лидери во Серија А 23 бодови, додека Верона е на 16. место со осум бодови.

Во следното коло Јуве и гостува на Фиорентина, а Верона ќе патува во Болоња.

Scroll to Top