Foto/ EPA
Инцидентот меѓу Серхио Перез и Шарл Леклер на излезот од првиот свиок, ја обележа трката за Големата награда на Мексико.
Перез беше лут по раната елиминација, но лути беа и неговите бројни фанови на домашната патека во Мексико сити.
Перез стартуваше од петтата позиција, имаше добра старт, дојде до третото место, а потоа се тргна во амбициозен маневар, се обиде да го мине Шарл Леклер и покрај тоа што немаше доволно место за претекнување. Мексиканецот удри во болидот на леклер, заврши надвор од патеката, а откако дојде до боксот неговиот тим констатираше дека неговото возило е премногу оштетено за да може да продолжи да се трка.
Поради откажувањето на перез, на трибините имаше неколку физички пресметки меѓу локалните навивачи и навивачите на Ферари.
На социјалните мрежи се појави видео од тепачка меѓу навивачи на трибината на „Форо Сол“, иако малку подоцна полицијата објасни дека гледачот кој ја иницирал и започнал тепачката бил извлечен од трибината и одведен во блиската станица.
Wtf is this !? pic.twitter.com/v5ep4WXhzl
— F1 TROLL (@f1trollofficial) October 29, 2023