Top Sport

У 17 репрезентацијата последна на квалификацискиот турнир на Малта

Фото/ ffm.mk

Македонската фудбалска репрезенација до 17 години, неславно го заврши настапот на калификацискиот турнир за пласман во елитната фаза. Турнирот на Малта, Македонија го заврши на последното место со два порази и реми и гол разлика 1:10.

По поразите во првите две рунди од Шпанија и Словачка, младите македонски фудбалери одиграа 1:1 со домаќинот Малта.

Македонија имаше предност по првиот дел со голот на Етоски во 38 минута. Малтежаните израмнија во првата минута од судиското надополнување на времето во вториот дел, кога гол постигна Мелиљо.

Scroll to Top