Top Sport

Неочекувано: Кирјос ги изненади сите, има нова работа – ја пропушти цела сезона поради повреди, сега ќе го коментира Ѓоковиќ

Австралискиот тенисер Ник Кирјос одлучи да се испроба на нова работа, бидејќи ќе работи како коментатор и аналитичар на „Тенис канал“.

Кирјос оваа работа ќе ја извршува за време на завршниот Мастерс во Торино, кој се одржува од 12 до 19 ноември.

На завршниот мастерс ќе учествува Новак Ѓоковиќ, кој сега е во одлични односи со Кирјос, а покрај Србинот ќе играат и Карлос Алкараз, Данил Медведев, Јаник Синер, Андреј Рубљов, Стефанос Циципас, Холгер Руне и Александар Зверев.

Инаку, Кирјос ја пропушти цела сезона, всушност одигра само еден натпревар, поради неколкуте повреди и операции кои ги имаше.

Поради ова, Австралиецот испадна од АТП листата, но неговото враќање се очекува на почетокот на следната година.

Многу поранешни тенисери и тренери моментално работат како коментатори и аналитичари, но особено ќе биде интересно да се види Кирјос во оваа улога, со оглед на тоа што неговите изјави и однесување често го привлекуваат вниманието на голем број гледачи и фанови.

Текстот Неочекувано: Кирјос ги изненади сите, има нова работа – ја пропушти цела сезона поради повреди, сега ќе го коментира Ѓоковиќ е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top