Top Sport

Сега и официјално: Рафаел Надал се враќа на теренот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не играше долго време, но тоа е минато. Рафа преку социјалните мрежи потврди дека многу брзо, во наредните денови ќе се врати на терените, а подоцна ќе открие каде ќе игра.

Надал последен пат играше на Австралија опен оваа година, а потоа го пропушти остатокот од сезоната поради повреда. Неодамна најави дека ќе се врати на терените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Рафаел Надал објави слика од себе на тренинг со краток опис.

– Вчера потврдив дека ќе се вратам. Следете ме деновиве кога со мојот тим ќе одлучам каде и кога, напиша Надал на својот Инстаграм профил.

Инаку, Надал моментално е на 664. место на АТП листата.

Текстот Сега и официјално: Рафаел Надал се враќа на теренот е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top