Златан Ибрахимовиќ ја „освојува“ Америка. По спектакуларниот 500. гол во кариерата против Торонто (во меч кој Лос Анџелес галакси го загуби со 5:3), во канадскиот град се собраа стотина негови фанови кои чекаа да се видат со Швеѓанецот.
Откако неколку минути делеше автограми, еден од помалите навивачи се обидуваше да го стигне својот херој, а Златан во негов стил, му се потпиша на чело!
Zlatan signed this kid’s face. #Zlatan500 pic.twitter.com/yn3jgaDhCX
— Adam Serrano (@AdamSerrano) September 16, 2018