Раде Богдановиќ, поранешен фудбалер на српската репрезентација, е најпопуларниот телевизиски спортски коментатор во Србија. Критичките опсервации на Богдановиќ зачинети со здрав хумор во програмата на државната телевизија РТС, по правило, се вирални.
Така беше и кога ги критикуваше фудбалерите за време на мундијалскиот дебакл, потоа кога ги пофали кошаркарите кои сензационално стигнаа до финалето на Мундијалот и сега, во драмата на фудбалерите во квалификациите за ЕП.
Србија, во последниот меч во групата, на домашен терен одигра 2:2 со Бугарија, најслабата селекција во оваа група. Во еден момент во 69.минута, кога Бугарите направија пресврт и со голот на Десподов поведоа со 1:2, а Црна Гора имаше водство 1:0 во Унгарија, Србите беа надвор од комбинациите за пласман на ЕП. На крајот се срено се заврши за нив и по 24 години повторно ќе играат на континеталниот шампионат.
„Реков на полувремето, не знам што пиеле во соблекувална за вака да излезат на теренот. Оваа репрезентација е ограничена со квалитет. Очекувањата се многу големи, но има многу недостаток во организацијата, затоа секогаш има некој стрес за резултатите. Јас никаде не видов дека нацијата очекуваше да ги „мелеме“ Бугарите,ама ова баш и не го очекувавме. Всушност не е ни чудо што имаше пад во концентрација и стрес со среќен крај“, рече Богдановиќ и додаде:
„На секој важен натпревар примаме гол кој наликува еден на друг. Против Швајцарија, потоа Црна Гора, па вечерва. Тоа не смее тоа да ни се случува. За да не бидеме боксерска вреќа на ЕП, мора да промениме многу. Кажав веќе дека сме прочитани. Ние сме прочитани како тим, мораме да го менуваме системот. Бугарите не прочитаа.”