Top Sport

(Видео) Спектакуларен гол на Мејсон Гринвуд

Foto/ EPA

Фудбалерите на Хетафе дополнително ја продлабочија тешката криза низ која минува Алмерија. Во 14. коло на шпанската Ла Лига, Хетафе ја победи Алмерија со 2:1.

Гостите поведоа со раниот гол на Рамазани во седмата минута, но до крајот на првото полувреме Хетафе направи пресврт. Го најави Мејсон Гринвуд со спектакуларен гол во 33. минута со фантастичен гол, додека Мајорал во 45. погоди за 2:1.

Овој резултат остана до крајот, а Хетафе со оваа победа се искачи на осмото место на табелата.

Алмерија е последна и се уште е без победа. Во досегашниот тек од првенството Алмерија освои само три бода.

Scroll to Top