Швеѓанецот Кале Халфварсон се здоби со необична повреда за време на натпревар во скијачко трчање во Финска. На Халфварсон му замрзна пенисот на трката на 20 километри во Рука. Температурата, во текот на тркат била 15 степени под нулата.
„Ми се замрзна пенисот. Морав да лежам во шаторот десет минути за да го загреам. Страшно ме боли. Страшно е. Најлошото нешто што може да ви се случи”, рекол шведскиот скијач.
„Почувствував дека нешто не е во ред во шестиот од осумте кругови. Ми се случи еднаш претходно на истата трка. Среќа што наскоро ќе имам уште едно дете бидејќи ќе биде тешко ако продолжам вака .
И покрај овој проблем, Халфварсон беше најдобриот Швеѓанец на трката и заврши на 18. место.