ХЈК Хелсинки и Абердин одиграа 2:2 во петтото коло од Конференциската лига, во Г групата.
Домашните водеа со 2:0 со головите на Банде и Хостика, но Шкотите се вратија преку Мекдоналд во 41. и Дјук во 56. минута од средбата која се играше во многу студени и снежни услови во Хелсинки. Македонскиот репрезентативец во дресот на Абердин, Бојан Миовски на теренот влезе во 86.минута.
Судијата, на крајот додаде четири кинути во вториот дел но се играа цели 15 минути, бидејќи натпреварот беше прекинат во 92. минута откако гостинските навивачи почнаа да фрлаат снежни топки кон голманот на ХЈК.
Официјалниот спикер прво ги предупреди да не го прават тоа, а потоа судијата го прекина мечот додека навивачите не се смират.
Инаку, натпреварот немаше преголема важност, бидејќи претходно беше познато дека од оваа група во нокаут фазата ќе одат ПАОК и Ајнтрафт Франкфурт.
HJK Helsinki-Aberdeen briefly stopped because some Aberdeen fans behind the goal are throwing snowballs at the HJK goalkeeper.
Man over the tannoy says it could be abandoned if it continues! pic.twitter.com/obwqBZ23vd
— Archie Rhind-Tutt (@archiert1) November 30, 2023