Top Sport

Меси ќе го одигра 600. меч за Барса

Во 11. коло на шпанската Ла лига, вечерва во 20.45 часот, Лионел Меси ќе го одигра својот 600. меч за тимот на Барселона, овојпат против Севилја. Само легендите на клубот Чави и Иниеста имаат повеќе мечеви за каталонскиот тим од него.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ е третиот играч по бројот на настапи зад поранешниот капитен Чави Ернандез (767 натпревари) и сегашниот капитен Андрес Иниеста (642 меча).

Фудбалската кариера на Меси почнува во 1995 година во аргентинскиот Њуелс олд бојс, каде што играше до 2000 година. На 13 години тој заминува во Шпанија, каде што во академијата на Барселона почнува да работи со спектакуларен успех, влегувајќи рекордно, прво во Ц-тимот, а потоаи Б-тимот во Барселона.

Во 2003/04, кога имаше само 16 години, Меси дебитираше во првиот тим во пријателски меч  со Порто, на отварањето на новиот стадион „До Драгао“. На 1 мај 2005, тој стана најмладиот играч со лигашки гол за Барселона на 17 години, 10 месеци и 7 дена.

Scroll to Top