Top Sport

Радоњиќ замина во Турција – има нов клуб

Црногорскиот тренер Дејан Радоњиќ е новиот селектор на турски Бахчешехир, соопшти тој клуб.

Овој тим неодамна се најде во фокусот на јавноста бидејќи се повеќе се зборува за тоа дека би можел да се спои со тимот на Башикташ.

Радоњиќ е без работа од февруари, кога го напушти Панатинаикос, каде што пристигна во летото 2022 година.

Овој 53-годишен подгоричанец на пошироката европска кошаркарска јавност и е познат како стратег на Црвена звезда, која ја водеше во два наврати.

Прво од 2013 до 2017 година, а потоа од 2020 до 2022 година.

Неговите најголеми успеси со клубот од Мали Калемегдан се титулите во АБА лигата, вкупно пет, како и исто толку трофеи во српската Суперлига, односно Купот на Кораќ.

Покрај Звезда раководеше и со Будуќност, од 2005 до 2013 година, како и со Баерн Минхен од 2018 до 2020 година, со кој двапати беше шампион на Германија.

Scroll to Top