Top Sport

Беше „Кралица на патеките“: Почина Лесли Вотсон

Познатата британска маратонка Лесли Вотсон почина на 79-годишна возраст.

Кон средината на декември била примена во болница поради згрутчување на крвта, а ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари ја загубила борбата за живот.

„Повеќе би сакала да бидам спринтер, но бидејќи немам природен талент за тоа, маратонот ми е втора омилена дисциплина“, изјави еднаш таа.

Забележа преку 60 победи во кариерата, а остана запаметена по една од најлудите недели во историјата.

Лондонскиот маратон ја опиша како „кралица на патеката“ во 1981 година во официјалната програма на своето прво издание.

Scroll to Top