Top Sport

Напаѓачот на Наполи, Матео Политано останува во Наполи

Напаѓачот на Наполи, Матео Политано се согласи да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Италија.

Дојде во Неапол во 2020 година и имаше понуда од Саудиска Ал Шабаб, но претседателот на Наполи не сакаше да го пушти.

Според новиот договор, кој беше потпишан на три години, Политано ќе инкасира околу три милиони евра по сезона.

Политано дојде во Наполи од Интер и постигна 12 гола на 79 натпревари. За италијанската репрезентација одигра 12 натпревари и три пати се запиша во листата на стрелците.

Scroll to Top