Фудбалерот на Њукасл, Жоелинтон де Лира го повреди бутниот мускул и по операцијата ќе отсуствува четири месеци, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Бразилецот се повреди на натпреварот од ФА Купот против Сандерленд, кога „страчките“ победија со 3:0.
Покрај Жоелинтон, на листата на повредени во Њукасл се и Калум Вилсон, Џејкоб Марфи, Харви Барнс, Џо Вилок, Мет Таргет и голманот Ник Поуп.
Следниот натпревар за клубот од Сент Џејмс Парк е на 27 јануари против Фулам во осминафиналето на ФА Купот.