Лионел Меси реши да присуствува на гала вечера на ФИФА и покрај тоа што светската фудбалска федерација го изостави од најтесниот избор за најдобар фудбалер во 2018, покажувајќи малку поинаков пристап од тој на вечниот ривал Кристијано Роналдо, кој не се појави на доделувањето на награди на УЕФА, бидејќи Лука Модриќ беше прогласен за најдобар.
ФИФА изненади многумина кога реши да не го постави Аргентинецот на најтесната листа од тројца кандидати за наградата, со Модриќ, Роналдо и Мохамед Салах пред него. Меѓутоа, бидејќи е во составот на сезоната, тој е автоматски поканет на церемонијата, и тој реши да биде таму.