Челси денеска го започнува своето европско натпреварување, за жал на нивните фанови во Лига Европа, гостувајќи во Солун кај грчкиот ПАОК. Претседателот на клубот, Брус Бак реши да ги почести ретките навивачи кои допатуваа од Англија со чипс пред мечот.
Бак лично одеше до фановите на стадионот „Тумба“ со вреќички чипс, а дел од управата на Челси делеше и шишиња вода пред мечот.
Ова е првпат Челси да е во „второлигашкото“ европско натпреварување од 2013 година.