Top Sport

Нестварно е како пропадна трансферот на Бенрама

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион ќе поднесе жалба до ФИФА откако на клубот му пропадна договорениот трансфер на напаѓачот на Вест Хем, Саид Бенрама.

Бенрама, вчера успешно ги помина сите лекарски прегледи и сите гаранции се потпишани меѓу трите страни, а потоа го потпиша договорот со францускиот клуб. Сепак тој се уште не е играч на Олимпик Лион.

Зошти?

Од Вест Хем не ги ставиле навреме потребните податоци во административниот панел на ФИФА, иако, како што велат од Олимпик Лион, постојано го потсетувале лондонскиот клуб што треба да се направи и до колку часот.

Во Лион се лути, а лут е и Алжирецот. Поради тоа францускиот клуб реши да поднесе жалба до ФИФА со надеж дека трансферот би можел да се оствари во наредните денови бидејќи се што претходно било направено било според прописите.

Бенрама сакаше да се врати во Франција каде што претходно играше за Ница, Анже, Оксер и Шаторо пред да се приклучи на Брентфорд во 2018 година.

Scroll to Top