Top Sport

Отворено е пријавувањето за „Визер скопски маратон“

Почна пријавувањето за 15. „Визер скопскиот маратон“ што ќе се одржи на 5 мај следната година. Сите кои ќе се пријават во првите три дена ќе можат да го изберат својот стартен број.

Во мај светската рекордерка Пола Редклиф беше сведок на уште еден рекорд, а тој беше бројот на учесници на „Визер скопски маратон“. Околу 10 000 луѓе одлучија да излезат на патеката на денот на трката. Поради големиот интерес и годинава, тимот на маратонот го отвора пријавувањето денеска, во 10 часот. Истото ќе се одвива во неколку фази.

Пред крајот на пријавувањето на минатиот маратон учесниците успеаја да го пробијат бројот на можни пријави. Затоа организаторите ги повикуваат сите предвремено да одлучат за своето учество и да го посетат партнерот за онлајн регистрација smartrace.club.

Оваа година повторно има интересни изненадувања за тие кои ќе се пријават во првите три дена (21, 22 и 23.09.2018), па така, истите ќе ја имаат можноста да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите кои ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.

Scroll to Top