Foto/ Sparsport
Дејан Милојевиќ, поранешен кошаркар и кошаркарски тренер, беше погребан во Белград на гробиштата Нова Бежанија. Пред тоа беше извршен погреб во црквата Свети апостол Тома.
Дејан Милојевиќ почина на 17 јануари во Солт Лејк Сити како последица на срцев удар. Работеше како помошник тренер во Голден Стејт Вориорс. Со оваа франшиза во 2022 година ја освои титулата во НБА лигата.
На погребот меѓу останатите беа Жељко Обрадовиќ, Лука Митровиќ, Ратко Варда, Новица Величковиќ, Игор Ракочевиќ, првиот човек на Кошаркарскиот сојуз на Србија Предраг Даниловиќ, Дејан Томашевиќ, Владимир Радмановиќ.…
На погребот дојдоа и претставници на последниот тим на Дејан, Голден Стејт Вориорс, предводени од тренерот Стив Кер и генералниот менаџер Мајк Данливи.
Милојевиќ беше трикратен МВП на АБА лигата, играше за ФМП, Будуќност, Партизан, Валенсија, Галатасрај, а долги години работеше и како тренер на Мега. Меѓу другите, тој беше тренер на Никола Јокиќ, што беше можеби најзначајната референца за него да биде повикан од Голден Стејт, со кој како асистент ја освои НБА лигата во 2022 година.
Сите негови тимови Голден Стејт, Мега, Партизан, Будуќност, Валенсија се простија од него во изминатите неколку недели… Зад себе ги остави сопругата Наташа, ќерката Маша и синот Никола.