Top Sport

Париска бајка: Краиновиќ во прво АТП финале!

Филип Краиновиќ е изненадувачкиот прв финалист на Мастерсот во Париз, откако му ги уништи надежита на Џон Изнер за настап на АТП финалето со импресивна победа во тај-брејкот во третиот сет.

Краиновиќ влезе на турнирот со само една победа на Мастерс 1000 турнирите, но сега тој го игра своето прво финале со 6:4/6:7(2)/7:6(5) победа над Изнер. Како 77-рангиран на АТП-листата, Србинот е најнискорангиран тенисер во големо финале откако Андреј Павел (191) играше во Париз во 2003 година, а исто така е и првиот квалификант кој стигна до финале по магичниот настап на Јержи Јанович во Париз во 2012 година.

Изнер беше на две победи од обезбедување место на АТП финалето првпат во кариерата, со што му даде шанса на сонародникот, Џек Сок, кој го игра второто полуфинале против Пабло Карењо Буста, да го помине во „трката за Лондон“.

Scroll to Top