Мануел Нојер поради повреда на мускулот мораше да го напушти тренинг кампот на германската репрезентација.
Германскиот голман неодамна се врати по долга пауза поради повреда, а како што сега стојат работите ќе мора да започне нова, која особено нема да му се допадне на Баерн кој извесно време беше без Саша Боје поради повреда.
Нојер заработи уште една повреда на тренингот на репрезентацијата пред пријателскиот натпревар против Франција кој ќе се одигра за три дена.
Германскиот голман денеска ќе се врати во Минхен каде ќе му бидат извршени дополнителни прегледи и ќе се утврди степенот на повредата.