Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, во вторникот беше ослободен од обвиненијата за расизам поради недостиг на докази.
По истрагата, италијанската фудбалска федерација го достави целиот случај до лигашкиот суд, а Франческо Ачерби беше обвинет за расна навреда на Хуан Жесус на натпреварот со Наполи.
Судијата Џерарод Мастрандеа, во образложението на својата одлука, наведе дека постапката е прекината поради „непостоење барем минимално релевантни докази дека имало навреди и дискриминација“.
Ачерби мина без казна, иако на оваа пауза не беше повикан во репрезентацијата поради обвинувања за расизам.
Наводниот инцидент се случил за време на натпревар од Серија А во кој Интер и Наполи одиграле 1:1.
Дефанзивецот на Наполи изјави дека Ачерби му се извинил, иако Ачерби цело време тврди дека не го направил тоа за што го обвинуваат.