Кошаркарите на Црвена звезда ја „поминаа“ ужасната последна четвртина, но сепак ги победија Будуќност со 89:75 (28:16, 29:16, 21:23, 11:20) за да ја освојат титулата од Суперкупот во АБА лигата и да се одмаздат за 3:1 поразот во финалната серија минатата сезона.
Во салата на Игокеа во Лакташи, новиот тренер на Звезда, Милан Томиќ имаше совршен старт на клупата со три победи, против Олимпија, Цедевита и Будуќност да најават дека оваа сезона одат на трофејот.
Мечот беше решен во првото полувреме, во кој „црвено-црните“ доминираа и имаа предност од дури 27 поени. Звезда погоди 12 тројки од 21 обид, а најдобар беше Мухамед Фаје со 14 поени, додека по 12 додадоа Огњен Добриќ и Стратос Перпероглу. Филип Баровиќ беше најефикасен за тимот од Црна Гора со 19 поени, додека 16 имаше Данило Николиќ.
Инаку во новата сезона во АБА-лигата, Македонија нема да има претставник, откако МЗТ Скопје испадна во АБА-2 лигата.