Top Sport

Перез: Реал нема да игра во САД

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, соопштил дека клубот нема да игра првенствени натпревари во странство. Амбициите на челниците на Примера се оваа сезона еден натпревар да биде одигран во САД.

„На сите нека им биде јасно дека ние нема да патуваме во САД. Не знам чија е идеата или кој инсистирал на тоа, знам само дека тоа не биле ниту клубовите, ниту навивачите. Јас сум притив тоа“, рекол Перез.

Планот на Примера и првиот човек Хавиер Тебас е во јануари наредната година, Џирона и Барселона, да одиграат натпревар во Мајами. Раководствата на двата тима ја прифатиле оваа одлука на челниците на Примера.

Против ова е синдикатот на играчите, а доколку предлогот помине во Шпанија ќе мора да биде одобрен од ФИФА, УЕФА, КОНКАКАФ и Фудалскиот сојуз на САД.

Scroll to Top