Карло „Чарли“ Рекалкати потврди дека ја прекратува својата тренерска кариера, неколку дена по неговиот 73. роденден.
Рекалкати беше тренерот кој ги донесе последните успеси за италијанската репрезентација – бронзата на ЕП во 2003 година, неверојатното сребро на ОИ во Атина во 2004 и златото на Медитеранските игри во 2005 година.
„Ја направив таа одлука пред летото, но не ја објавив. Секогаш треба да бидеш подготвен да даваш 100 отсто, и денеска веќе не можам да го нудам тоа“, вели Рекалкати.
По фантастичната кариера на како кошаркар, со седум интернационални трофеи со Канту и две европски медали со репрезентација, Рекалкати стана италијански шампион со три различни клубови – Варезе, Фортитудо Болоња и Сиена.