Менаџерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, потврдил дека Пол Погба повеќе нема да биде заменик капитен во тимот.
Францускиот репрезентативец, во отсуство на Антонио Валенсија ја носеше капитенската лента, но во иднина заменик на десниот бек ќе биде некој друг играч.
„Лицето кое го постави Погба за заменик капитен е истото лице што му ја одзеде лената, а тоа сум јас. Тоа не значи дека јас со него имам проблем. Како менаџер имам можност да носам одлуки и немам што повеќе да објаснувам“, рекол Мурињо по поразот во Лига Купот (Карабао куп), од Дерби каунти.
Членот на Чемпионшип дивизијата успеа да направи големо изненадување, откако по осум серии на пенали, го елиминираше Манчестер јунајтед во третото коло, во Лига купот.
„Очекувано е некој да промаши пенал. Знаевме дека доколку дојде до шеста и седма серија дека ќе имамме проблеми со Џонс и Баи. Никогаш нема да обвинам играч што промашил пенал. Наш проблем е што дозволивме да се изведуваат пенали“, заклучил Мурињо.