Не се сите во Хрватска воодушевени со изборот на Лука Модриќ за најдобар играч во светот. Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, во понеделникот, ја доби наградата на ФИФА во конкуренција на Крситијано Роналдо и Мохамед Салах.
Многу навивачи од Хрватска, поточно оние од Далмација на кои во срцата им е фудбалскиот клуб Хајдук, не го сакаат Модриќ поради неговата блиска соработка со Здравко Мамиќ, а особено поради неговото лажно сведочење на судењето на поранешниот челник на Динамо Загреб.
Мамиќ, во процесот, дека незаконски работел во Динамо, доби затворска казна од шест и пол години, а Модиќ е обвинет за лажно сведочење и разврската од тој процес допрва ќе следува.
Најнов доказ за тоа дека Модриќ не го сакаат во Сплит е и графитот напишан на англиски јазик на една од најпрометните раскрсници во градот.