Top Sport

Студени погледи и вербална војна (Видео)

Сликата најчесто говори повеќе од илјада зборови, тоа е така и на фотографијата на која се Пол Погба и Жозе Мурињо на денешниот тренинг. Манчестер јунајтед, синоќа, беше елиминиран од Лига купот, а и пред мечот англиските медиуми најмногу се занимаваа со лошите односи помеѓу Погба и Мурињо.

„Скај спорт“ ја забележал средбата на денешниот тренинг. Најпрвин си размениле ладни погледи, а потоа и по некој збор.

Погба, по нерешениот резултат во Премиер лигата со Вулверхемптон, побарал тимот да игра офанзивен фудбал. Мурњо не му остана должен, не со зборови туку со дела. Менаџерот му ја одзеде капитенската лента на Погба.

Scroll to Top