Top Sport

Кренке и официјално е 100 отсто сопственик на Арсенал

Стен Кренке го комплетираше преземањето на Арсенал и сега е 100 отсто сопственик на англискиот премиерлигаш, кој денеска беше „симнат“ од берзите.

Американецот Кренке беше најголем акционер на „Емирати“ подолго време, но доби шанса да ги преземе сите акции кога Алишер Усманов се откажа од обидот да го преземе клубот и ги продаде акциите за околу 550 милиони фунти, по што стана сопственик на 97.14 отсто од акциите на клубот.

Потоа, Кренке ги „истера“ и помалите акционери, вклучувајќи го и трастот на навивачи на Арсенал, кои беа приморани да ги прифатат договорите поради клаузула во британскиот закон, со што од 25 септември, клубот е симнат од берзите.

Scroll to Top