Top Sport

И Ердоган застана во одбрана на Озил!

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вели дека Месут Озил „нема ништо за жалење“ откако се откажа од германската репрезентација делумно поради фотографијата на која тој е со Ердоган и Илкај Гундоган пред Мундијалот во Русија.

Озил и Гундоган, кои имаат турско потекло, беа критикувани во германските медиуми по фотографијата со Ердоган, а по испаѓањето на Германија во натпреварите по групи, Озил се откажа од националниот дрес обвинувајќи ја Германската фудбалска федерација за расизам и објаснувајќи дека фотографијата „немала политичка заднина“.

Ердоган вели дека постојат двојни стандарди.

„Нема за што да жали. Како што знаете, Лотар Матеус се сретна со Владимир Путин и никој не правеше проблеми. Нашите фудбалери треба можат да се среќаваат со кого сакаат со чиста совест и не ги сфаќам критиките. Се сретнав со нив повеќе пати, но се среќавам и со други Турци. Месут живее во Лондон и зошто не би сретнал со него ако сум таму. Ако германски фудбалер кој игра во Турција се фотографира со г-ѓа Меркел, зарем треба да го линчуваме? Нема логика. Озил и Гундоган припаѓаат на двете земји – земјата каде што се родени и земјата од каде се нивните родители“, вели Ердоган во интервју за германските медиуми.

Турскиот претседател вели дека нема причини Озил да биде „шиканиран“.

„Горди сме на нашите граѓани кои живеат во Германија. Месут самиот кажа: ’Играм за Германија, но Турција ми е во срцето’. Тој не ја напушти германската репрезентација без причина“, додава Ердоган.

Scroll to Top