Во меч од Купот на Хрватска, шампионот Динамо Загреб мораше да се „спасува“ во последен момент и го победи нисколигашот Слога од Мравинце со гол од пенал во 80. минута.
Ова наиде на бесна реакција на домашниот тим, откако судијата Кулушиќ додели пенал откако Јуричиќ ја фати топката со раце во својот шестнаесетник мислејќи дека судијата судел фаул над него. Јуричиќ беше толку разочаран што реши да не игра до крајот на мечот и побара замена.
„Едноставно е! Еден фудбалер на Динамо ме турна и јас паднав и инстинктивно ја фатив топката мислејќи дека ќе суди фаул над мене. Судијата не го анправи тоа, туку реши дека јас направив пенал. Немаше смисла да играм повеќе. Во главата ми беше жешко и ќе направев некој инцидент“, вели Јуричиќ за „Индекс“.