Top Sport

Охрид со драматична победа,  Соколи броеја до 100

Три суперинтересни натпревари се одиграа на саботната агенда во рамки на петтото коло од Првата лига (мажи). Нови победи на контото запишаа АВ Охрид, Фени Индустри и Карпош Соколи.

АВ Охрид ја запиша третата победа за оваа сезона во неверојатен меч. Среде Битола. „Галебите“ славеа благодарејќи на Рос Кенет кој успеа да реализира клучен шут кога на семафорот стоеше нешто помалку од 10 секунди.

Во вториот дуел на саботниот распоред, Карпош Соколи броеше и над100 на гостувањето кај Кожув. Кошаркарите од редовите на вицешампионскиот состав ги заборавија лошите резултати во рамки на ФИБА Европакупот и ја запишаа четвртата победа во домашното првенство со што се вратија на победничките патеки откако малку застранија по поразот од Фени Индустри во претходното четврто коло.

Трикратниот шампион во домашното првенство, Фени Индустри, запиша трета победа во низа откако во третото го совлада тимот на Охрид и во четвртото го изненади вицешампионот во Скопје. Овој пат на нишанот на кавадарчани се најде Струмица за која ова беше петтиот пораз.

Пелистер – АВ Охрид 77-78 (20-19, 14-27, 19-17, 24-15)

Кожув – Карпош Соколи 78-109 (22-30, 25-28, 14-28, 17-23)

Фени Индустри – Струмица 81-63 (21-20, 19-11, 15-13, 26-19)

Фото: ohridnews.com

Scroll to Top